
Морати не се срами да признае: Мислев дека Инзаги не е добар за Интер, но...
Инзаги прифати да го наследи Антонио Конте и покрај тоа што клубот немаше пари за трансфери, туку одлучи да ги продава најдобрите фудбалери со цел да ги балансира сметководствените книги.
Во првата сезона на Инзаги, Интер ја загуби титулата од ривалот Милан и тоа за бод. Но, тој подоцна го донесе Скудетото, а го предводеше тимот и до две финалиња во Лигата на шампионите. Што е исклучително тешко, ако се спореди буџетот на Интер со парите кои ги имаат големците како Реал Мадрид, Манчестер Сити, ПСЖ, Ливерпул...
Инзаги ги добива сите аплаузи за работата што ја прави за Интер, а Морати признава дека не го проценил од прва.
„Го променив мислењето. Прво не мислев дека тој ќе му одговара на Интер, но тој испадна навистина многу добар, многу подготвен и се справува со тешки ситуации со голема смиреност“, вели Масимо Морати.