На Французите им здодеа доминацијата на ПСЖ: Ќе играат во нов систем?

Француската фудбалска федерација сериозно размислува да го промени форматот на Лига 1, најавува „Л’Eкип“.

Според информациите на најпознатите француски весник во Франција размислуваат за воведување на фајнл-фор со кој би се одлучувал шампионот. Во битката на најдобрите четири екипи во полуфиналињата, првиот би се сретнал со четвртиот, а меѓу себе би играле вториот и третиот.

Причина за ваквите размислувања е доминацијата на ПСЖ кој практично е недопирлив за останатите тимови, па со воведување на еден ваков систем неизвесноста би била присутна до самиот крај.

Исто така се истакнува и дека овој систем во Франција веќе се користи во првенството кај дамите.

Фото: PSG/FB