Голманот на Танзанија како аматер, Дијаз го одведе Мароко во четвртфинале (ВИДЕО)
На стадионот „Принц Мулај Абдала“ во главниот град на Мароко, Рабат, домаќинот на годинашниот Африкански куп на нации со многу мака го оправда статусот на фаворит и минимално ја совлада Танзанија, а херој беше Брахим Дијаз.
Фудбалерите на Танзанија се бранеа одлично во поголемиот дел од натпреварот, но една невнимателност на голманот Хусеин Масаланга беше доволна да се простат од натпреварувањето.
🏆 Morocco 1-0 Tanzania | Brahim Diaz pic.twitter.com/vpuQRYimrh
— @CenterOfGoals - Follow (@winstanley96582) January 4, 2026