
Ѓулер влезе во расправија со Собослаи, Унгарецот му одговори на Инстаграм (ФОТО)
Ѓулер освен погодкот се најде во центарот на вниманието и поради ситуацијата со Доминик Собослаи од Ливерпул.
Имено, откако постигна гол, Ѓулер на фудбалерот од средниот ред му гестикулираше да молчи. Тој момент беше забележан и од фоторепортерите на натпреварот, па фотографијата дојде и до социјалните мрежи каде што Собослаи не пропушти да одговори.
Имено, на фотографијата Унгарецот остави коментар „1088“.
Станува збор за бројот на минутите кои Ѓулер ги одигра сезонава во дресот на Реал Мадрид.