Фудбалер на Нотингем со урбенесна реакција: Салах потпиша? Заврши првенството...(ВИДЕО)

Ола Аина, фудбалерот на Нотингем Форест имаше интересна реакција кога дозна дека Мохамед Салах го продолжил договорот со Ливерпул.

Египќанецот според новиот договор дресот на „црвените“ ќе го носи до крајот на сезоната 2026/2027, а доколку отане до крај на „Енфилд“ ќе помина цела деценија. Исто така Ливерпул наскоро би требало да ја потврди и новата соработка со Вирџил Ван Дајк.

„Потпиша повторно? Првенството заврши...“, се слуша како Аина зборува во видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Дефанзивецот зад себе нема лоша сезона, неговиот тим е најголемото изненадување сезонава во Премиер лигата и се наоѓаат на третото место зад Ливерпул и Арсенал.

На индивидуален план Аина одигра 30 натпревари, постигна два гола и запиша една асистенција.