ФИФА забрани: Доста веќе снимате згодни девојки на трибините!

Светската фудбалска федерација (ФИФА) им порача на сите радиодифузери да престанат да ги снимаат згодните девојки на трибините во пресрет на неделното мундијалско финале на московскиот стадион „Лужники“, на кој Франција и Хрватска ќе се соочат во битката за „златната божица“.

Федерико Адиечи, шефот на комитетот за различност во ФИФА објавил дека светската централа разговара со националните радиодифузери и ТВ-продукцијата со цел да го спречи сексизмот на Мундијалот, затоа што згодните и разголени девојки многу често се наоѓаат во кадарот за време на мечевите.

„Ние тоа го сторивме со поединечните радиодифузери. Сега ќе го средиме проблемот и со нашиот домашен сервис“, рекол Адиечи, додавајќи дека и во иднина ќе се почитуваат овие одлуки, па на ТВ-екраните се помалку ќе има згодни девојки. „Ова е една од активностите која сакаме да ја имаме во иднина“, додал тој, потенцирајќи дека ФИФА ќе има „поактивна кампања против сите работи кои се лоши“.

Сето ова доаѓа по поплаки од ФАРЕ, ччија извршна директорка Паира Пауар документирала 30 случаи за сексизам за време на СП: