
Фернандес за малку на фудбалер на Колумбија ќе му ја скинаше - главата (ВИДЕО)
Тој доби директен црвен картон поради невнимателен влез во дуел со Кевин Кастано. Во обид да ја стигне високата топка, тој со крената нога и отворен ѓон го удри Кастано во пределот на главата. Колумбискиот фудбалер веднаш падна на теренот, видно повреден, а на снимките се забележува и крв.
Кастано брзо беше заменет, а Аргентина остана со играч помалку.