Шок во Ф1: Леклер на излезна врата од Ферари!?

По девет од 24 трки во Формула 1 за сезоната 2025, почнаа да се шират шпекулации за возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Леклер веќе неколку години вози за италијанската екипа, но не стигна до шампионскиот пехар, додека неговиот актуелен договор важи до 2029 година.

„Кориере дела Сера“ објави дек Леклер не е задоволен од третманот во екипата, па поради тоа би можел да замине на крајот на сезоната.