Брера и Пелистер се борат за опстанок, Скопје и Шкендија (А) сакаат да влезат меѓу најдобрите
Во Кавадарци ќе се сретнат Пелистер и Шкендија Арачиново. Битолчани ќе се борат да опстанат, а арачиновци сакаат да испишат клупска историја и да влезат во најдобрата македонска лига.
Интересно ќе биде и во Битола каде Брера ќе се сретне со Скопје. Тимот од Автокоманда сака да ја комплетира успешната сезона со враќање во најдоброто друштво, а струмичани ќе се обидат да останат таму.
Денеска се игра и еден бараж за Втора лига, Тетекс игра против Влазними. Тој дуел се игра во Ѓорче Петров.
Бараж за Прва лига
Пелистер – Шкендија Арачиново
Брера – Скопје
Бараж за Втора лига
Тетекс – Влазними