Нова сензација: Испадна четирикратната шампионка на Ролан Гарос!
Полската тенисерка на Ролан Гарос дојде како трета најдобра во светот и беше трета носителка на турнирот, но денеска доживеа елимиација.
Украинската тенисерка, Марта Костјук ја победи Швјонтек со 2-0 во сетови, беше 7-5 и 6-1.
Швјонтек е тенисерка која четири пати го освојуваше Ролан Гарос, го крена пехарот во 2020, 2022, 2023 и 2024 година.
Победата на Костјук не беше случајна, таа оваа сезона нема загубено меч на земјина подлога.