Бизарно објаснување за срамот на Диаз – се појавил на концертот за да не плати многу пари!

Луис Диаз ја налути фудбалската јавност откако не се појави на погребот на Диого Жота и неговиот брат, а дополнително го навлече бесот откако беше откриено дека присуствувал на концерт во Колумбија.

Снимките кои се појавија на кои Диаз танцува на денот на погребот на неговиот соиграч се раширија на социјалните мрежи,

Денеска во шпанските медиуми беше објавено и објаснување кое не е воопшто убедливо.

„Ако Дијаз не се појавеше на забавата, ризикуваше да плати голема отшета и да го уништи настанот, со оглед дека беше една од главите ѕвезди. Меѓутоа колумбискиот на репрезентативец не беше доволно комуникативен кога ја објаснуваше ситуацијата“, пишува „Мундо Депортиво“.

Meдиумите во критиките кон Диаз потенцираа и дека Жота беше помеѓу првите кои му искажаа поддршка кога неговиот татко беше киднапиран пред неколку месеци.