Аргентина го освои трофејот од Копа Америка, Лаутаро е херојот! (ВИДЕО)

Аргентина по 16. пат ја освои круната на Копа Америка, Лионел Меси крена уште еден голем трофеј, херој во финалето беше Лаутаро Мартинез, со негов гол е победена Колумбија со 1-0.

Финалето доцнеше повеќе од еден час поради нередите кои се случуваа пред стадионот во кои фанови се обидуваа на секаков начин без билети да влезат на мечот.

Натпреварот не изобилуваше со фудбалска убавина, немаше голови, имаше по неколку шанси на двете страни.

Во финишот од првото полувреме Меси заработи повреда на зглобот. Тој се обиде да продолжи да игра, тоа го правеше до 66. минута кога повеќе не можеше, излезе повреден и плачејќи седна на клупата.

Регуларните 90 минути завршија без погодок, па натпреварот отиде во две продолженија од по 15 минути.

Скалони конечно во 96. минута реши во игра да го пушти Лаутаро Мартинез на местото од Алварез, тоа се покажа како клучен потег.

Лаутаро во 112. минута даде гол за победа на Аргентина од 1-0.

Лионел Меси и неговите соиграчи освоија уште еден голем трофеј, Аргентина по 16. пат е шампион на Копа Америка.