Арсенал може да остане без еден од голманите – репрезентативец на Англија!

Премиерлигашот Вулверхемптон е сериозно заинтересиран за голманот на Арсенал и на англиската репрезентација, Арон Рамсдејл.

„Волците“ веќе испратија официјална понуда до тимот од Лондон, а британските медиуми пренесуваат дека преговорите меѓу претставниците на двата клуба се во тек и дека наскоро се очекува позитивна разрешница.

Рамсдејл (26 години) е член на Арсенал од 2021 година, а минатата сезона бранеше на само 11 натпревари за „топчиите“, откако место во стартниот состав доби Давид Раја. За репрезентацијата на Англија има одиграно пет натпревари.