Синер во два сета го победи Тиафо и го освои Синсинати!

Италијанскиот тенисер, Јаник Синер крена уште еден мастерс трофеј откако со 2-0 во сетови го победи Франсис Тиафо во финалето во Синсинати.

Синер беше фаворит во финалниот меч, но Тиафо пружи силен отпор во првиот сет. Се играше без загубен сервис, па тајбрејкот го одлучуваше сетот. Во него Италијанецот беше подобар со 7-4, по што поведе со 1-0.

Во вториот сет приказната беше поинаква, Синер го доби со убедливи 6-2 и ја завери победата од 2-0 во сетови.