
„Ако не беше кокаинот ќе ја освоев Златната топка“
Романецот стана познат и како фудбалер кој падна на тестот на дрога и од тој момент неговата кариера тргна во надолна линија.
Сега во интервју за британскиот „Телеграф“ истакна дека би ја освоил „Златната топка“ ако не бил зависник од кокаин.
„Земав кокаин додека играв за Челси. Тоа е најлошата одлука во мојот живот. Требаше да побарам помош, но за жал не го направив тоа. Верувам дека ќе ја освоев „Златната топка“. Бев еден од најдобрите во светот“, изјави Муту.
Во кариерата како фудбалер Муту настапуваше за: Аргеш Питешти, Динамо Букурешт до Интер, Верона, Парма, Челси, Ливорно, Јувентус, Фиорентина, Чесена, Ажаксио, Петролул, Пуне Сити и Таргу.
Денес се обидува да изгради тренерска кариера, меѓутоа засега немаше некој посебен успех во клубовите во кои работеше.