Неверојатна сцена: Судија со нога нокаутираше тренер (ВИДЕО)

На социјалните мрежи објавена е неверојатна ситуација која се случи на фудбалски натпревар во Перу каде што судија нокаутираше член на стручниот штаб на една од екипите.

Инцидентот се случил во 82. минута од натпреварот во перуанскиот куп помеѓу Спорт Хуакли и Магдена, при водство на домаќинот од 2-1.

Членот на стручниот штаб незадоволен од арбитражата на судијата Луис Алегре тргна кон него држејќи пластична чаша во рака, но и арбитрот не остана без реакција.