
Словачки судија ќе ни „свири“ во Тбилиси - Барди и компанија го паметат од Еуро 2017!
Кружлиак е судија кој добро го паметат Енис Барди, Дарко Велковски, Висар Муслиу, Елиф Елмас и останатите од „златната младинска генерација“ која играше на Европското првенство во Полска во 2017 година. На турнирот им делеше правда во последното трето коло во групите, кога Македонија загуби од Португалија со 2-4, меч на кој додели шест жолти (четири за нас, два за Португалците) и еден црвен картон (за Португалија).
Станува збор, барем според статистиката, за „домашен судија“ зашто во досегашната кариера досудил повеќе пенали за домаќините (8-6), а многу повеќе жолти (194-217) и црвени картони (9-19) за гостинските екипи и селекции.
Него ќе му помагаат сонародниците Бранислав Ханцко и Јан Позор како помошници, додека Петер Кралович е четврти судија. Италијанецот Паоло Валери е ВАР-судија, а неговиот сонародник Марко Бресмес му е помошник во ВАР-собата.