
Сањол: Овој меч со Македонија може(би) ќе биде потежок од тој во Скопје!
Грузија има 10 бода по четири кола, три повеќе од Македонија и теоретски за да го заверат првото место им треба бод, зашто со подобар меѓусебен скор би биле недостижни за нас тие три разлика во последното коло.
„Македонија е најсилниот ривал во групата и не можам да кажам дали би бил среќен со победа или реми, ама знам дека ќе бидам среќен ако завршиме на првото место во групата. Во јуни имавме неверојатни мечеви и очекувам во ист стил да продолжиме и сега. Но, овој меч со Македонија може да биде и потежок и поразличен од тој во Скопје, така да ќе мора некои грешки од првото полувреме од тој меч да ги поправиме“, вели Сањол.
Без сомнение ѕвездата на Наполи и соиграчот на Елиф Елмас, Квича Кваратсхелија ќе биде ударна игла на Грузијците, особено што во моментов игра во неверојатна форма, а во првиот месец од дебито во Калчото веќе беше избран за играч на месецот.
„Среќен сум што го имам Квича и сѐ уште мислам дека не го покажал сто отсто сиот свој потенцијал. Ќе мора да работи уште понапорно за да дојде до максимумот, млад е и му треба поддршка. Јас едно знам, а тоа и на својот 21-годишен син не му го правам, постојано да му велам дека е најдобар на светот. Така ништо нема да постигнеме. Пред една година Квича додека беше во Рубин беше постојано критикуван, а сега се сѐ смени на подобро. Но, ако сакаме да е најдобар, мора да го 'имаме на око' и да работиме, мора да го најде вистинскиот баланс. Сѐ уште е млад“, рече Сањол.