Проблеми за Македонија: Муслиу се повреди на стартот на мечот за Вестерло!

Македонскиот дефанзивец Висар Муслиу се повреди по само неколку минути од мечот меѓу Вестерло и Сент Труден, по што мораше да биде повлечен од игра, а тоа може да биде голем проблем за Македонија.

Муслиу во четвртата минута се пожали на повреда по дуелот со Савијадманеш, по што тренерот реши да го повлече од игра, па македонскиот репрезентативец ќе биде испратен на медицински прегледи кои треба да покажат колку ќе паузира.

Ова е потенцијален проблем за селекторот Гоце Седлоски пред натпреварот меѓу Македонија и Данска во баражот за пласман на Светското првенство (СП).

Пресметката меѓу Македонија и Данска е закажана за 26 март од 20.45 часот.