Претседателот на УЕФА на Европско ќе навива за – Македонија (ФОТО)

Претседателот на Европската фудбалска унија (УЕФА), Александер Чеферин на претстојното Европско првенство ќе навива за Македонија, откри тој за португалски „Рекорд“.

Словенецот Чеферин, кој од септрмври 2016 година е претседател на европскиот фудбал и го наследи Мишел Платини, а до седнувањето во најзначајната фотелја во европскиот фудбал беше прв човек на словенечкиот фудбал од 2011 година.

„Моите симпатии се кон Македонија“, откри Чеферин за португалскиот весник, кога веќе неговата земја Словенија нема да биде дел од еврошампионатот.

Словенија задутре ќе ѝ биде прв тест на македонската фудбалска репрезентација во подготовката за своето деби на големата сцена, а црвено-жолтите на 4 јуни ги чека и тестот со Казахстан пред заминување во Букурешт каде на 13 јуни играат со Австрија, на 17 јуни е пресметката со Украина, а потоа на 21 јуни одат во Амстердам на мегдан на Холандија, во групата Ц.