Марио Илиевски ја напушти Унгарија, ЦСКА 1948 е неговиот нов клуб!

Капитенот на младинската репрезентација на Македонија, Марио Илиевски од унгарскиот клуб Кишварда се пресели во ЦСКА 1948 од Софија.

22-годишниот македонски фудбалер се враќа во Софија, од 2019 до 2022 беше член на Септември, а сега ќе игра за ЦСКА 1948.

Марио Илиевски денеска беше претставен како ново засилување на бугарскиот тим.

Тој за младинската репрезентација на Македонија има одиграно 30 натпревари и постигнато шест голови.