Гостивар претстави уште две засилувања

Eкипата на Гостивар продолжува да се засилува во летниот преоден рок и претстави две нови имиња, Емануел Мбеде и Огузан Ајдоган.

Мбеде е камерунски дефанзивец кој има 28 години и пристигнува од италијанскиот Монтереси. Претходно во својата кариера беше дел од Катанија, Камбург, Кемницер, Бирмигем и младинските категории на Борусија Дортмунд.

Ајдоган е 27 годишен напаѓач кој исто така бил дел од младинските категории на Борусија, а во сениорскиот фудбал беше дел од Алеменија Ахен, Карслруе, Анкараспор Менеменспор, а во Гостивар пристигнува од Дузчеспор.

Тие се петтото и шестото засилување за Гостивар откако претходно потпиша: Марко Симоновски, Костадин Чешмеџиев, Дарко Глишиќ и Мевљан Мурати.