Аргентина победи и без Меси, Канада со реми до четвртфинале (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Канада се пласираше во четвртфиналето на Копа Америка откако изминатата вечер одигра реми без голови против Чиле во третото коло од групата „А“.

Канада иако не постигна гол, сепак оставаше впечаток дека го контролира натпреварот, а имаше и играч повеќе од 27. минута од натпреварот.

Аргентина продолжи да игра сигурно и славеше 2:0 против Перу, иако на теренот го немаше Лионел Меси кој заработи ситна повреда на претходниот натпревар.

Головите за Аргентина ги постигна Лаутаро Мартинез во второто полувреме. За издвојување од натпреварот е и промашениот пенал на Ленардо Паредес на 20-тина минути до крајот на средбата.

Aргентиците така групната фаза ја завршија со три победи во кои постигнаа пет гола, а не примија ниту еден.