Јакин: Знаев дека ќе ја прегазиме Италија!

Швајцарија во првиот осминафинален меч ја елиминира Италија со 2-0 и се пласира меѓу осумте најдобри екипи на Европското првенство (ЕП) во Германија.

Избраниците на швајцарскиот селектор Мурат Јакин доминираа на теренот во текот на целиот натпревар, а тој вели дека очекувал победа против актуелниот европски шампион.

„Уживавме на теренот, знаев дека ќе ја прегазиме Италија. На овој турнир има одлични репрезентации, а ние ја завршивме групната фаза без пораз. Против Германија покажавме дека може да се натпреваруваме со најсилните. Со победата против Италија испративме важна порака до ривалите“, кажа Јакин.

Швајцарија во четвртфинале ќе се соочи против победникот од натпреварот меѓу Англија и Словачка.