Модриќ: Во дресот на Хрватска ги почувствував најсреќните моменти во животот

Хрватска испадна од Европското првенство (ЕП) уште во групната фаза, а по краткиот молк на социјалните мрежи се јави Лука Модриќ.

Модриќ објави кратка порака на социјалните мрежи и им се заблагодари на навивачите за поддршката.

„Во дресот на Хрватска ги почувствував моментите на најголема радост и гордост во животот. На ова Европско првенство го почувствувавме помалку убавиот дел од фудбалот, но гордоста да се игра за Хрватска не зависи од резултатите. Ви благодарам за поддршката“, напиша Модриќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Luka Modric (@lukamodric10)