Македонските фудбалери до 19 години со пораз се враќаат од Корча

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години беше поразена со 1-0 од селекцијата на Албанија во вториот контролен меч меѓу овие две селекции кој се одигра во Корча.

Многу борба, трчање, малку шанси и еден гол се случи на втората пресметка меѓу Албанија и Македонија.

Единствениот погодок на мечот го постигна Красниќи во 73. минута, со овој погодок Албанија ја совлада Македонија.

Првиот меч меѓу Албанија У19 и Македонија У19 заврши без голови, 0-0.

Албанија - Македонија   1:0 (0:0)

МАКЕДОНИЈА: Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски;

Резерви: Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими.