
Миовски има специјални копачки: Ќе ги носам во чест на настраданите во Кочани (ФОТО)
Миовски ги објави копачките со кои ќе настапи вечерва, а на истите е поставено македонското знаме и иницијалите на неговото семејство.
„На денешниот натпревар за македонската репрезентација, ќе ги носам во чест и сеќавање за сите што ги загубивме на 16.03.2025 година (пожарот во Кочани), за сите кои се уште се борат за своите животи и за сите семејства. Нека почиваат во вечен мир упокоените души, сите мои молитви за повредените“, објави Миовски.