
Српски тенисер нападнат во Мајами: Умри, ти си најголема пи*ка предавничка (ВИДЕО)
Инцидентот се случи кога му се приближи српски навивач од трибините и започна да му упатува навредливи зборови. Навивачот го нарече „предавник“ и го навредуваше со пцовки, додека поранешниот тенисер, кој седеше на клупата, му рече да се доближи за да разговараат. Ситуацијата ескалираше со дополнителни навреди и закани од страна на навивачот, кој го снимаше Типсаревиќ и продолжи со навредливи коментари.
„Јанко, ти си пи*ка предавничка најголема, го знаеш тоа? Само да знаеш, ти си најлош. Ти ја предаде Србија, копиле“, му довикувашќе навивачот на Типсаревиќ.
Инцидентот предизвика реакции во спортската јавност, со осуда за ваквото однесување, кое не припаѓа на спортските настани, а нападот врз Типсаревиќ е поради неговата јавна поддршка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, чија власт во последниот период се соочува со големи протести.