
Македонија со две измени во стартната постава против Велс
Наизглед, сменета е и формацијата бидејќи за разлика од оние 4-4-2 пред три дена, сега ќе играме со 4-3-3. Во почетната постава ги нема Чурлинов и Трајковски, а на нивно место ќе стартуваат Илиевски од Струга и Костадинов од Пјаст.
Одбранбениот бедем останува ист и ќе го сочинуваат Зајков, Серафимов, Муслиу и Алиоски, а во нападот се Бојан Миовски и Елиф Елмас.