Навивачите на Фенербахче по катастрофата испратија брутална порака: Не се враќајте дома!

Фенербахче доживеа вистински дебакл на гостувањето кај Астон Вила, откако загуби со 0-6 во второто коло од Лигата на шампиони (ЛШ), а тoа предизвика револт кај навивачите на турскиот гигант.

Тешкиот пораз предизвика голем гнев кај навивачите на турскиот клуб, кои веднаш побараа одговорност од тренерот Исмаил Картал и фудбалерите.

„Не се враќајте дома! Овој човек мора да добие отказ уште вечерва... Го посрамотивте клубот... Фудбалерите не се виновни колку Картал со неговите лоши одлуки...“, се вели во дел од коментарите.

Фото: Facebook/Fenerbahçe