Баерн подобар од Ефес, Виртус го надигра Париз

Кошаркарите на Баерн Минхен триумфираа на гостувањето кај Анадолу Ефес со 101-93, додека Париз загуби на домашен терен од Виртус Болоња (94-96).

Баерн беше подобар тим во првиот дел, а во еден момент имаше и +12 (52-40), а Ефес успеа да одговори дури во завршницата на полувремето (46-52).

Германскиот тим ја чуваше предноста во вториот дел, иако Ефес неколку пати се закануваше и намалуваше до „минус пет“ (85-90). Сепак, на крајот се радуваше Баерн со 101-93.

Најефикасен во редовите на Баерн беше Вашингтон со 21 поен, додека Шариќ постигна исто толку поени за Ефес.

Виртус по голема драма го доби дербито против Париз, а најефикасен во триумфот беше Алстон со 23 поени, додека Мур му помогна со 14 поени. На спортивната страна Етиен запиша 23 поени, а Ворен го заврши дуелот со 19 поени.

Фото: Facebook/FC Bayern Basketball