Реал реагира по казната за Винисиус: Не можеме да замислиме Јамал да добие ваква суспензија!

Суспензијата од четири натпревари за Винисиус Жуниор, по црвениот картон против Виљареал, предизвика незадоволство во таборот на Реал Мадрид, а нивната телевизија во својата реакција го спомена и младиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал.

Бразилскиот фудбалер беше казнет по исклучувањето на натпреварот против Виљареал, кога го повлече за коса противничкиот фудбалер Нејтан Салиба, а потоа протестираше кај судијата. Според одлуката на Дисциплинската комисија, Винисиус доби два натпревари суспензија за инцидентот и уште два поради протестите кон судијата.

„Што ако ова му се случеше на Јамал? Не можеме да замислиме Ламин Јамал да биде суспендиран на четири натпревари затоа што повлекол некого за коса“, порачаа од Реал Мадрид ТВ.

Поради суспензијата, Бразилецот нема да настапи против Севиља, Барселона, Расинг Сантандер и Валенсија.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.