Тенискиот спектакл во Саудиска Арабија одложен по нападите во Ријад!
Настанот требаше да се одржи од 21 до 24 октомври, но организаторите соопштија дека новиот термин е од 27 до 30 декември 2026 година.
Одлуката доаѓа по серијата напади во Саудиска Арабија, вклучително и нападот врз меѓународниот аеродром во Ријад.
На турнирот се очекуваше да настапат некои од најголемите имиња во светскиот тенис, како што се Новак Ѓоковиќ, Карлос Алкараз, Александар Зверев, Тејлор Фриц и други.
Фото: Facebook/China Open