Најтажниот громогласен аплауз во историјата – во чест на жртвите во Кочани (ВИДЕО)

На почетокот од 59. минута од вечерашниот натпревар на Македонија и Велс во квалификациите за пласман на СП 2026 повеќе од 25.000 навивачи присутни на арената „Тодор Проески“ станаа од своите места за најтажниот громогласен аплауз во историјата на спортот кај нас.

Тоа беше во чест на 59-те жртви на неодамнешниот ужасен пожар во Кочани, во кој имаше и повеќе од 150 повредени. Челниците на ФФМ пред мечот решија сиот приход од овој натпревар да биде наменет за сите настрадани во кочанската дискотека од пеколот пред нешто повеќе од една недела.

Македонија и Велс играат тврд натпревар во кој тешко се доаѓа до шанса и во кој мрежите се уште мируваат.