Брони Џејмс со рекорд на кариерата блесна во Џи-лигата (ВИДЕО)

Младиот американски кошаркар Брони Џејмс, кој е син на легендарниот Леброн Џејмс, синоќа постави нов личен рекорд во Џи-лигата.

Брони постигна дури 39 поени, седум скокови и четири асистенции против Санта Круз вориорс, со што постави нов личен рекорд.

Лос Анџелес Лејкерс најави дека оваа сезона ќе му даде шанса и во НБА-лигата, но најмногу ќе игра во развојната лига.