Мите Цикарски го засили Пелистер
Цикарски кој има 33 години во Битола пристигнува како слободен фудбалер по истекот на договорот со Беласица каде што играше во минатата сезона.
Низ кариерата Цикарски собра големо искуство во македонскиот фудбал играјќи за Македонија Ѓорче Петров, Брера, Академија Пандев, Работнички и Вардар. Надвор од границите на нашата земја беше дел од Етникос Ахна, Пас Јанина, Газ Метан и Ботев Пловдив.
Исто така запиша и три настапи за македонска репрезентација.