Ѓорѓи Мојсов ќе води клуб во Србија
Како што тврди, „Мердијанспорт“ 41-годишниот Мосов ги договорил сите детали и ќе седне на клупата на српскиот прволигаш.
Последниот ангажман Мојсов го имаше на клупата на Тиквеш кој го водеше на 104 официјални натпревари, а си замина во октомври минатата година.
Работата во Земун за Мојсов ќе биде прв предизвик надвор од границите на Македонија како тренер.