Македонија има сериозни шанси да игра бараж за СП!

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20.45 часот ќе се соочи против Велс на Арената „Тодор Проески“ во квалификациите за Светското првенство (СП), а во меѓувреме на една страна која се занимава со анализа беа објавени шансите на селекциите за пласман во баражот за Мундијалот во 2026 година.

Според „football.meets.data“, Македонија има сериозни шанси да се пласира во баражот за пласман на СП 2026. Страната ѝ дава дури 86 проценти за пласманот во плејофот, додека поголеми шанси од нас за такво нешто имаат Северна Ирска и Романија.

Доколку успееме да се пласираме во плејофот, тогаш проекцијата е дека Македонија би го чекала противникот за полуфиналето во баражот од четвртиот шешир, каде што се очекуваат и Романија, Шведска и Северна Ирска. Во полуфиналето би вкрстиле со селекции од првиот шешир, а таму се очекува да бидат Украина, Турција, Србија и Велс.