
Алкалоид го совлада Охрид, а најмногу на победата се израдува Пелистер
Двете екипи беа израмнети по првите 15 минути од средбата (7-7), но потоа Алкалоид влезе во одличен ритам и на паузата замина со предност од пет погодоци (17-12).
Охрид се покажа како подобар ривал во воведните 10 минути од второто полувреме и успеа да израмни на 19-19. Двата тима водеа голема борба во продолжение, но Алкалоид успешно ја чуваше предноста и на крајот триумфира со 29-26.
Мартин Серафимов беше најефикасен со осум голови кај Алкалоид, додека Теимурас Орјоникадѕе кој постигна девет погодоци.
Пелистер во следната фаза од натпреварувањето ќе пренесе три бодови, додека Вардар и Алкалоид ќе однесат по два во плејофот.
Претходно триумф запиша и Радовиш, кој славеше со 28-25 против Куманово.