
Анчелоти за првпат во кариерата ќе работи како селектор!?
Фудбалскиот сојуз на Бразил сака да го ангажира италијанскиот стратег за Светското првенство (СП) кое ќе се одржи во 2026 година.
Шпанските медиуми пишуваат дека Анчелоти не ја отфрла таа опција и би можел да седне на кормилото на Доривал, кој доживеа дебакл против Аргентина (1-4).
Анчелоти наводно не планира да ги напушти „кралевите“ и следната сезона, туку тоа би го направил пред почетокот на Мундијалот.