
Виртус се посрамоти во Белград: Ц. Звезда ги демолира гостите од Болоња
Ц. Звезда имаше фуриозен почеток и ја доби првата четвртина 28-11, по што продолжи да ја зголемува разликата до 51-27. Српскиот гигант продолжи со одличната игра во вториот дел, иако го намали темпото, но и покрај тоа оствари триумф од 88-52.
Најефикасен во победничкиот тим беше Давидовац со 17 поени и три скокови, додека Шенгелија постигна 13 поени, три скокови и три асистенции за Виртус Болоња.
На останатите натпревари, Анадолу Ефес славеше против Басконија со 92-76, додека Макаби Тел Авив загуби од Панатинаикос со 92-99.