Тежок пораз на Вардар: Пелистер славеше со 41 поен разлика!

Кошаркарите на Пелистер триумфираа против Вардар со неверојатни 98-57 во претпоследниот меч од Првата лига.

Најслабиот тим во лигата не успеа да понуди посериозен отпор на вицешампионот, па Пелистер уште во првата четвртина го најави триумфот (24-12). Како минуваше времето, така растеше предноста на битолчани за на полувреме да изнесува 48-22.

Вардар се распадна во третата четвртина, кога Пелистер успеа да стигне до највисоката предност на мечот и да ја одржи до самиот крај, односно да триумфира со 41 поен разлика.

Гамбрел со 20 поени беше најефикасен во составот на Пелистер, додека Бајрам запиша 19 поени за Вардар.