Емоции до небо во Кочани: Навивачите на Осогово им оддадоа почит на жртвите од пожарот! (ВИДЕО)

Првпат по ужасната трагедија во Кочани, во овој град има фудбалски натпревар, во рамките од денешното коло во Втората македонска лига, Осогово го пречекува лидерот, екипата на Македонија Ѓорче Петров.

Во 59. минута на стадионот „Никола Мантов“ навивачите почнаа да аплаудираат во чест на 59. жртви кои ги „зема“ пожарот во дискотеката „Пулс“.

На сите фудбалски терени во Македонија се оддава почит за жртвите во Кочани, но емоциите се поинакви кога тоа се прави токму во овој град.