
Несторовски и Славен Белупо со пресврт ја шокираа Риека
Риека имаше добар старт и поведе со 1-0 со голот на Фрук во 17. минута, но во вториот дел следеше целосен пресврт.
Гргиќ и Долчек стрелаа за Славен Белупо и му обезбедија три бодови во дуелот против големиот ривал.
Македонскиот интернационалец Илија Несторовски играше до 83. минута, по што беше заменет, додека Јован Манев одигра 30 минути за поразениот тим.
Риека е лидер со 50 бодови, односно два бода повеќе од Хајдук, кој има одиграно еден натпревар помалку.