Тудор дебитира со победа на кормилото на Јувентус (ВИДЕО)

Фудбалерите на Јувентус триумфираа со 1-0 против Џенова во 30. коло од Серија А, во натпревар кој беше прв на кормилото за хрватскиот тренер Игор Тудор.

Турскиот фудбалер Кенан Јилдиз го постигна единствениот погодок на натпреварот и победа на „Старата дама“.

Јувентус со оваа победа го одржа чекорот со Болоња и остана на еден бод од четвртото место по 30 одиграни натпревари.