
Македонија ЃП и Башкими кикснаа, Брегалница профитираше!
Поради неодамнешната ужасна трагедија во Кочани, на мечот меѓу Осогово и Македонија Ѓорче Петров имаше многу емоции, но не и голови, натпреварот заврши 0-0.
Киксот на ѓорчепетровци не го искористи Башкими кој исто така ремизираше на гостински терен без голови, не успеаа да ја совладаат екипата на Победа.
Ваквите резултати ги искористи Брегалница која со триумф од 2-0 на гостински терен кај Кожув дојде на само два бода минус до водечкото дуо.
Скопје ја искористи предноста на домашен терен и со 2-1 го совлада Борец, со тој резултат победи и Беласица на гостувањето кај Каменица Саса.
2-1 заврши и мечот меѓу Новаци и Охрид, немаше голови на дуелот Вардар Неготино и Детонит.
Мечот меѓу Вардарски и Арсими во Богданци е прекинат при резултат 1-2 на полувремето поради голем дожд.
Резултати:
Осогово - Македонија ЃП 0-0
Победа - Башкими 0-0
Кожуф - Брегалница 0-2
Скопје - Борец 2-1
Новаци - Охрид 2-1
Саса - Беласица 1-2
Вардар Неготино - Детонит 0-0
Вардарски - Арсими прекинато поради дожд
ТАБЕЛА: Македонија Ѓорче Петров 49, Башкими 49, Брегалница 47, Арсими 42 (-1), Скопје 34, Детоните 32, Каменица Саса 32, Охрид 32, Кожуф 31, Беласица 31, Победа 23, Новаци 23, Вардар Неготино 21, Осогово 17, Борец 10, Вардарски 8 (-1).