Томовски запиша 12 одбрани, но тоа не му помогна на Потсдам да се спаси од пораз!

Македонскиот голман Мартин Томовски повторно беше одличен за Потсдам и запиша дури 12 одбрани против Ерланген, меѓутоа не го спаси неговиот тим од пораз (23-26).

Томовски беше одличен меѓу стативите на Потсдам, исто како на мечот против Битигхајм пред една недела, но ниту овој пат неговите одбрани не беа доволни.

Потсдам се наоѓа на последната позиција во Бундеслигата со еден триумф и 21 пораз, а во следното коло игра против Хамбург на 3 април.