Десет одбрани на Томовски, но тоа не му помогна на Потсдам да избегне пораз!

Македонскиот голман, Мартин Томовски имаше одлична партија во Бундеслигата за Потсдам во дуелот против Битигхајм.

Томовски мечот го заврши со двоцифрен број на интервенции, одбрани 10 топки, но неговиот тим го загуби мечот со 30-28.

На Подстам му нема спас, по 21 одигран натпревар има само една победа во Бундеслигата и дури 20 порази. Со само два бода е убедливо последен на тебелата. Ќе им биде потребно чудо во финишот од сезоната за да се спасат од испаѓање.