Тошевски со хет-трик ја израдува Австрија Клагенфурт

Македонскиот репрезентативец Давид Тошевски блесна во мечот меѓу Австрија Клагенфурт и Хартберг (3-2) во австриската Бундеслига.

Тошевски во завршницата на првото полувреме стрелаше за 1-1, а потоа во 64. минута погоди за целосен пресврт и водство на Австрија Клагенфурт. Македонскиот напаѓач го комплетираше хет-трикот во 83. минута.

Австрија Клагенфурт се наоѓа на втората позиција со 23 бодови, додека Тошевски стигна до бројката од пет погодоци.