
Нотингем Форест на пенали го елиминира Брајтон од ФА-купот
Првото полувреме не понуди многу возбудувања, односно имаше само четири шанси вкупно на мечот, додека во вториот дел Нотингем Форест полека ги презема работите во свои раце, меѓутоа не го најде патот до мрежата на ривалот.
Резултатот не се менуваше ниту во продолженијата, па победникот беше решен на пенали, откако Нотингем Форест реализира четири удари од белата точка, додека Брајтон погоди само три.